Турција

Амбасадорот на Швајцарија во Анкара повикан поради провокации насочени кон турскиот претседател

Турската страна извршила и притисок за истрага за инцидентот со цел да се идентификуваат сторителите и навремено да се преземат неопходните чекори.

Dilara Hamit  | 15.06.2023 - Обновена : 16.06.2023
Амбасадорот на Швајцарија во Анкара повикан поради провокации насочени кон турскиот претседател

АНКАРА (АА) - Амбасадорот на Швајцарија во Анкара, Жан-Даниел Рух, денес е повикан во турското Министерство за надворешни работи, каде што му е кажано дека провокациите насочени кон претседателот Реџеп Таип Ердоган и турското знаме во Цирих се неприфатливи, пренесува Анадолу.

Според дипломатски извори, по палењето на фигура со ликот на претседателот и транспаренти во швајцарската финансиска престолнина, Рух бил повикан во Министерството од Мехмет Кемал Бозај, заменик-министерот за надворешни работи на Туркије и нејзин постојан претставник во Европската Унија.

За време на средбата, на Рух му е кажано дека нападите насочени кон Ердоган се апсолутно неприфатливи и дека таквите напади не треба да се толерираат.

Во текот на средбата, турската страна извршила и притисок за истрага за инцидентот со цел да се идентификуваат сторителите и навремено да се преземат неопходните чекори.

Провокации насочени кон Ердоган и турското знаме се одржаа оваа недела во Цирих, најголемиот град во Швајцарија. Пред УБС банката во Цирих беа запалени турското знаме и фигура со ликот на претседателот од страна на група наречена „Циришки револуционерен штрајк-колектив“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.