Sarp Özer
20 Јули 2017•Ажурирај: 21 Јули 2017
НИКОЗИЈА (АА) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим денес во Никозија изјави дека неговата земја ќе продолжи да ги штити правата и интересите на кипарските Турци, гарантирани со меѓународното право и со договори, јавува Anadolu Agency (AA).
„На сите страни им порачувам да се однесуваат одговорно и со одговорен пристап“, рече Јилдирим кој е во посета на Турската Република Северен Кипар, по повод 43-годишнината од мировната интервенција на островот.
Потсетувајќи дека грчката страна на Кипар води бескомпромисна политика, Јилдирим рече дека е голема неправда сметката на таквата политика да ја плаѓаат само кипарските Турци.
„Од ова место порачувам дека сме доволно силни и подготвени да придонесеме за подобрување на животниот стандард на турскиот народ во Кипар. Меѓу нашите приоритетни цели е економскиот, но и секој друг развој и напредок на Турската Република Северен Кипар“, рече Јилдирим.
Турскиот премиер изјави дека последните настани во врска со кипарското прашање покажуваат дека турскиот народ во Кипар е подготвен да одлучува за својата иднина и ја истакна целосната поддршка на Турција и во иднина.