Uğur İslamoğlu
12 Октомври 2021•Ажурирај: 13 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ (АА) – Припадниците на турската полиција утрово приведоа најмалку 26 лица во шест турски области, поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во рамките на истрагата против ФЕТО, порано е издаден налог за приведување на 30 осомничени лица, за кои е потврдено дека ја користеле апликацијата „БајЛок“ (ByLock), систем за шифрирана комуникација помеѓу терористите на ФЕТО.
Претставници од Одделот за борба против тероризмот во Истанбул и уште пет турски области, утрово започнаа акција на приведување, а до сега се лишени од слобода 26 лица. Помеѓу приведените лица има неколку вработени во јавни институции на Турција.
Приведените лица се префрлени во зградата на полицијата поради криминалистичко испитување, додека за останатите четворица сè уште се истражува.
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, ноќта на 15 јуни 2016 година.
Станува збор за терористичката организација која ја предводи Фетула Гулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), чија екстрадиција Турција формално ја побара од САД.
Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење испити напредувале во службата, инфилтирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрво во декември 2013 година, припадниците на ФЕТО во правосудството на Турција, низ наместен процес поради наводна корупција, направија обид за процесуирање на високопозиционирани службеници.
Неколку години подоцна следуваше крвавиот обид на терористите на ФЕТО кога на 15 јули офицерите во турската војска, лојални на таа организација, иницираа пуч.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна, а на тоа во повеќе наврати посочуваа и турските функционери. Во обидот за пуч во Турција починаа 251 лице, а ранети беа околу 2.200 лица.