Behlül Çetinkaya
11 Октомври 2021•Ажурирај: 12 Октомври 2021
БЕЛГРАД (АА) – Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во Белград се состана со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министрите престојуваат во Белград каде што учествуваат на состанокот по повод 60-годишнината од основањето на Движењето на неврзаните.
Чавушоглу на социјалната мрежа Твитер напиша дека со Лавров разговарале на теми за кои во Сочи зборувале претседателите Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин.