Furkan Abdula
11 Октомври 2021•Ажурирај: 12 Октомври 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 111 нови случаи на коронавирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 195.002, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 15 починати лица од Ковид-19, а дополнително, согласно регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 9.09. до 11.09.2021 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 6.849.
Институтот за јавно здравје регистрира 165 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 181.196.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 6.957.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.529 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.324.894 тестирања.