Meltem Bulur
27 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за европски интеграции, Омер Челик, порача дека Турција не го прифаќа селективниот пристап на ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Челик остро го критикуваше Извештајот кој на вчерашната седница во Луксембург го усвои Советот за општи работи на ЕУ.
„ЕУ јасно покажа дека не го почитува договорот постигнат на 18 март. Неприфатлив е селективниот пристап на ЕУ која Турција ја гледа како клучен партнер кога тоа ѝ одговара во борбата против миграциите или тероризмот, а од друга страна кон Турција не ги исполнува дадените ветувања или преземените обврски“, порача на Твитер, ресорниот турски министер Челик.
Тој порача дека вчерашниот извештај покажува непостоење на визија, нереални и спротивни ставови на ЕУ, и додаде дека тоа укажува и на фактот дека ЕУ станала роб на антитурскиот менталитет.
„Трагикомично е тврдењето на Европската комисија, која ја поробија земјите во кои владеат радикалните десници, дека Турција се оддалечила од ЕУ. Никој тоа не го прифаќа. Сопствената намера да ги заврши односите помеѓу ЕУ и Турција, Австрија, со помош на некои членки ја наметна како позиција на ЕУ. Ние сакаме да бидеме членки на ЕУ, која ги претставува европските вредности. Нема говор за кандидатурата ниту членството во ЕУ која е во рацете на радикалната десница и која се оддалечи од сопствените вредности“, порача Челик.
Советот за општи работи на ЕУ вчера ја пофали Турција поради згрижувањето на 3,5 милиони сириски бегалци, но ја критикуваше и ја повика Турција да ги острани недостатоците во владеењето на правото и почитувањето на основните човекови права во оваа земја. Советот, исто така, ги осуди и за нелегални ги оцени турските активности во Егејското Море и на источниот дел на Медитеранот.
Во одлуката на Советот се наведува дека во овие околности, бидејќи процесот за преговорите за придружување на Турција на Унијата е во застој, на дневниот ред нема да има отворање нови поглавја во преговорите, ниту ревидирање на договорите за Царинската унија.