Ömer Süt
27 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
ИЗМИР (АА) - Жена приведена во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО во турскиот град Измир, тврди дека од припадниците на терористичката организација добила закани за смрт за да не признае, ниту да зборува за случувањата во ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Приведената М. И. призна дека добивала закани, на припадниците на безбедносните сили да не го издаде името на припадникот на ФЕТО кој и ја инсталирал апликацијата за шифрирана комуникација БајЛок.
Таа додаде дека потекнува од сиромашно семејство и дека пред да се омажи барала работа. Подоцна дознала дека домот во кој работела е поврзан со ФЕТО. Приведена е заедно со сопругот. Нејзиниот сопруг бил лишен од слобода пет месеци, а таа е ослободена со мерки на забрана, бидејќи била бремена.
Додека работела во домот, таа и нејзиниот сопруг биле гости на членка на ФЕТО чие кодно име е Нериман.
Нериман им кажала дека го потрошила интернет-пакетот на телефонот и го замолила сопругот на М. И. да ѝ овозможи пристап преку неговиот телефон. Потоа на телефонот ја инсталирала програмата БајЛок, за која дознале откако телефонот бил однесен на поправка.
М.И. одлучила да ја пријави Нериман која, како што тврди, ѝ се заканувала да не го стори тоа, инаку ќе се случат лоши работи.
Потоа дошол еден маж кој се претставил како полицаец.
„Тој полицаец рече нешто како 'ве следам'. Молчев од страв. Не смеев ништо да кажам. Дури му кажав на тој полицаец дека сме биле на патување и дека телефонот исчезнал. Така таа приказна беше завршена, а на сопругот не смеев да му кажам ништо“, додаде таа.
Таа призна и дека ја променила и адресата на живеење, за да не ја пронајдат полицајците за кои се сомневала дека се членови на ФЕТО. Освен тоа, истакна дека Нериман со службено полициско возило доаѓала дома.
Освен тоа, полицаецот кој претходно ја посетил, ѝ отишол на врата и во новиот дом и ѝ рекол дека за нив е издадена потерница, и ја предупредил да не зборува ништо против таа организација.
„Откако го уапсија мојот сопруг, ФЕТО го зголеми притисокот врз мене. Членот на организацијата кој дојде кај мене кажа дека со адвокатите го следат случајот. Тој изјави дека исказот е добар и ако кажам нешто спротивно, ќе го малтретираат мојот сопруг. Ми велеа: 'Нема ни на тебе да ти дадеме мир. Ќе отвориме плин и ќе умрат и ќерката ти и мајка ти'“, истакна М.И.
Таа нагласи дека заканите ги добивала во почетокот на 2018 година.