Muhammed Nuri Erdoğan
15 Јули 2020•Ажурирај: 16 Јули 2020
АНКАРА
Гласноговорникот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, порача дека Турција ја продолжува решителната борба против терористичката организација ФЕТО и тоа врз принципите на владеењето на правото и почитување на основите права и слободи. Тој наведе дека турските правосудни институции работат на разоткривање на структурите инфилтрирани во државниот апарат и независните судови да ги процесуираат тие случаи, јавува Агенција Анадолија (АА).
По повод четвртата годишнина од обидот за државен удар кој терористичката организација ФЕТО го изведе во Турција на 15 јули 2016 година, гласноговорникот на Kабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, порача дека Турција во потполност е посветена и решителна да ја заштити сопствената демократија и слобода.
Истакнувајќи дека ФЕТО претставува предавничка организација која со злоупотреба на верата и поддршка на империјалистичките сили не успеала да ги оствари своите предавнички цели, Калин во пораката наведе дека Турција и нејзиниот народ од таа борба излегле посилни.
Калин потсети дека обидот за воен удар го започнале припадници на турската војска кои ФЕТО претходно ги инфилтрирала во воените структури и дека цела Турција се нашла на удар, вклучувајќи ја и Претседателската палата и Големото народно собрание на Турција.
Потсетувајќи дека пучистите во ноќта на обидот за државен удар се обиделе да изведат и атентат врз турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговото семејство, Калин рече дека на повикот на Ердоган народот храбро излегол на улиците и плоштадите и им се спротивставил на пучистите и предавниците.
„Народот пружи невиден отпор и храбро го спречи обидот за пуч, и покрај тоа што пучистите на народот тргнаа со авиони „Ф-16“, тенкови и тешко оружје. Таа ноќ Турција изгуби 251 шехид кои го дадоа животот во борбата против предавниците и пучистите, а 2.194 наши сонародници се ранети. Тоа никогаш нема да го заборавиме, ниту да дозволиме да се заборави“, порача Калин.
Истакнувајќи дека ФЕТО со години се криела под превезот на верата, образованието и цивилното општество и ги труела срцата и умовите на луѓето, Калин во пораката наведе дека сега во потполност е откриено вистинското лице на таа терористичка организација.
Калин рече и дека Турција решително ја продолжува борбата против ФЕТО во странство и додаде дека многу пучисти и терористи побегнале во Америка и Европа, а дека нивната недостапност на турските правосудни институции нанесува штета на односите на Турција со земјите во кои тие пребегнати лица живеат.
„Додека Турција го застапува ставот на борбата за национална безбедност на земјите кои се соочуваат со терористичка закана, западните земји не го положија испитот на тој план. Неприфатливо е водачот на ФЕТО и понатаму да живее во САД и да не ѝ биде испорачан на Турција. Тоа го засени духот на стратешките односи помеѓу Турција и САД. Западните земји ги газат сопствените принципи и вредности така што ја потценуваат терористичката закана на ФЕТО и поради политички причини не ги согледуваат реално случувањата кои се поврзани со 15 јули“, порача Калин.
Нагласувајќи дека Турција додатно зајаканала со успешна борба против терористичките закани, како на внатрешен така и на надворешнополитички и безбедносен план, Калин порача дека Турција без сомнение ќе ја продолжи одлучната борба против сите терористички организации, вклучувајќи ги ФЕТО, ПКК, ДЕАШ и други.
Калин по повод Денот на демократијата и националното единство оддаде почит на сите шехиди кои ги дадоа животите во текот на борбата против пучистите кои пред точно четири години се обидоа да го срушат уставниот и демократски поредок во Турција.