Aida Cako
03 Октомври 2024•Ажурирај: 05 Октомври 2024
ИЗМИР (АА) - Бахадир Озкалканкли, љубител на кактуси од Измир, Туркије, има импресивна колекција од околу 300 кактуси што ги одгледува во дворот и на балконот на својот дом, јавува Анадолу.
Неговата страст за овие необични растенија е поддржана од неговите пријатели што патувале низ светот и му носеле различни видови кактуси од земји како Аргентина, Еквадор, Бразил и Мексико.
Еден дел од растенијата ги одгледува во неговиот двор, а друг дел на балконот, така што успеал да создаде вистинска ботаничка градина полна со кактуси што го украсуваат неговиот дом.