Ahmet Furkan Mercan
07 Април 2019•Ажурирај: 08 Април 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, реагираше во врска со изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху околу Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Западниот Брег е палестинска територија која се наоѓа под окупација на Израел, спротивно на меѓународното право. Неодговорните изјави кои Нетанјаху ги даде поради загриженоста од гласовите пред изборите, во ниту еден начин нема да го променат овој факт“, напиша Чавушоглу на социјалните мрежи.
Израелскиот премиер Нетанјаху, во случај повторно да победи на изборите на 9 април и повторно да дојде на функцијата премиер, планира да ги анектира илегалните еврејски населени места во окупираниот Западен Брег.