İlkay Güder
06 Април 2019•Ажурирај: 08 Април 2019
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган упати честитка по повод 99. годишнината од основањето на Anadolu Agency (AA).
Од Одделот за комуникации при Кабинетот на претседателот на Турција наведено е дека турскиот претседател Ердоган упатил порака по повод годишнина од основањето на АА.
„Честитки по повод 99 години од основањето на Anadolu Agency (AA), која, од Турската војна за независност е глас на оваа земја во светот", пишува во пораката Ердоган.
- Anadolu Agency (AA) - веродостоен извор на вести
Anadolu Agency (AA), меѓународна новинска агенција со седиште во Турција, која објавува вести на 13 јазици и има над 6.000 корисници во 93 земји од светот, на дневна база во просек објавува 1.600 вести, 2.300 фотографии, 6 инфографики, 400 видеозаписи и 15 емитувања во живо. AA, која наредната година ќе ја прослави 100. годишнина од основањето, продолжува да биде веродостоен извор на вести во и надвор од Република Турција.
Историјатот на AA е речиси идентичен на историјата на Република Турција. Агенцијата е основана на 6 април 1920 година, 17 дена пред основањето на Големото народно собрание на Република Турција (TBMM). AA ги објави првите закони, беше сведок на Ослободителната војна и националната борба и сведочеше за револуциите во Турција.
AA, со отворањето на регионалните канцеларии во Латинска Америка и пацифичките земји, го зголеми бројот на канцелариите на 41, а со објавувањето вести на шпански и индонезиски јазик емитува вести на вкупно 13 јазици, вклучувајќи го и Сервисот на македонски јазик.
AA сигурно чекори кон јубилејот 100 години постоење, со што ретко кои институции од таков вид можат да се пофалат.