Tolga Yanık
11 Октомври 2025•Ажурирај: 17 Октомври 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Халук Ѓорѓун, претседател на турската одбранбената индустрија, на својот профил на социјалните мрежи објави дека ХУРЏЕТ, еден од иконските проекти на турската национална авијација, успешно го завршил својот 300-ти пробен лет, известува Анадолу.
Објаснувајќи дека ХУРЏЕТ, кој својот прв лет го направи на стогодишнината од турската Република, развиен од турските инженери, не е само млазен авион, туку претставува средба на одлучноста, способноста и стратешката решителност со турското небо, Ѓорѓун истакна:
„Достигнувајќи суперсонични брзини и привлекувајќи внимание со своите перформанси на три континенти, оваа платформа продолжува да ја зацврстува амбицијата на Турција во областа на воздухопловството. Од сѐ срце им честитам на сите наши инженери, техничари, пилоти и на сите наши засегнати страни кои придонесоа за овој успех, првенствено на ТУСАШ.“
Минатиот месец, ХУРЏЕТ успешно ја заврши клучната фаза во процесот на сертификација.