?kipa
02 Јули 2017•Ажурирај: 03 Јули 2017
ИЗМИР (АА) - Сите пет членови на екипажот ја преживеаа хеликоптерската несреќа што се случи рано утринава во западна Турција, кога хеликоптер за гаснење пожари се урна во езерото од кое земаше вода за гаснење на шумските пожари, јавува Anadolu Agency (AA).
Хеликоптерот со пет членови на екипажот се урна во езеро во близина на браната Tахтали, каде што земал вода за гаснење на шумски пожар кој од вчера зафати стотици хектари шума во подрачјето на Ѓумулдур, во областа Измир.
Несреќата се случила кога непознат предмет се заглавил во отворот на резервоарот за вода на хеликоптерот. Додека пилотите се обидувале да го деблокираат отворот на резервоарот, хеликоптерот се урнал во вода.
Трагедијата е избегната бидејќи друг хеликоптер за гаснење пожари ја видел несреќата и со брза реакција, со спасувачки чамци, сите пет членови на екипажот се извлечени на безбедно, а лесно повреден е пилотот.
Хеликоптерот потона на дното на браната.