Ayşe Yıldız
02 Јули 2017•Ажурирај: 03 Јули 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Во Анталија, Турција, вчера се измерени 45,4 степени Целзиусови што претставува најтоплиот ден во градот во последните 88 години, јавува Аnadolu Agency (AA).
Од Центарот за предвидување и предупредување на Анталија потврдија дека вчерашната температура на воздухот е на највисоко ниво од 1929 година.
Температурата од 45 степени е регистрирана во јули 2000 година, меѓутоа, вчера постави нов рекорд.
Давут Озтурк, директор на Метеоролошкиот центар, за АА изјави дека завчера во Анталија биле измерени 44,8 степени. Тоа, според него, е просечна температура за Анталија во овој период од годината.
"Сепак, вчерашните 45,4 степени се највисоката температура која е забележана во последните 88 години. Значи, 1 јули, 2017 година влезе во историјата", појасни Озтурк.