Gülsem Adam
02 Јули 2017•Ажурирај: 03 Јули 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Додека голем број домашни и странски туристи уживаат во морето и температурите од 44 степени Целзиусови, во Анталија не е мал бројот и на оние кои се одлучија за комплексот „Снежен свет“, каде што на температура од минус два уживаат во снегот, јавува Anadolu Agency (AA).
Дневните температури во Анталија достигнуваат 44 Целзиусови степени, а температурата на морето е над 30. „Снежниот свет“ се простира на површина од 1.500 квадратни метри, каде што на посетителите им се пружа можност за забава од друг вид.
Гизем Челик, една од вработените во „Снежен свет“, за АА истакна дека на површина од 1.500 квадратни метри се наоѓа природен снег. Според неа, во комплексот имаат различни содржини за посетителите.
„Луѓето се одлучуваат за овој комплекс за да се разладат и да забавуваат кога надворешните температури се многу високи“, истакна Челик.
Таа додаде дека за овој вид на забава се заинтересирани и домашните и странските туристи, првенствено оние кои доаѓаат од Русија и од арапските земји.
Бегомка Суеркулова во Анталија дошла од Киргистан. Ова е трет одмор што таа го минува во овој дел на Турција, меѓутоа, првпат го посетила „Снежниот свет“.
„Овде е како во бајка, сѐ е прекрасно“, истакна Суеркулова.