Tuğba Altun
24 Август 2023•Ажурирај: 24 Август 2023
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, во Ербил се сретна со претседателот на Регионалната влада на ирачките Курди, Нечирван Барзани, јавува Анадолу.
Во соопштението на турското Министерство за надворешни работи на платформата за социјални мрежи Х се наведува дека Фидан се состанал со Барзани во Ербил, каде што се наоѓа во посета за дипломатски средби.