Çiğdem Münibe Alyanak
24 Август 2023•Ажурирај: 25 Август 2023
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Продолжува гаснењето на пожарот што започна на локалитетот на Дамјери во подрачјето на турската област Чанаккале, кој се прошири поради ветрот, известува Анадолу.
Пожарот од Дамјери, под влијание на силниот ветер, се прошири на простор во должина од 15 километри, а во неговото гаснење се интервенира и од воздух и од копно.

Копнените екипи, кои продолжуваат со теренската работа, уште од првиот ден вложуваат големи напори во гасењето на пожарот.
И голем број волонтери учествуваат во пожарот во областа Чанаккале.