Arif Yusuf,Afra Aksoy
04 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
БАГДАД (АА) - Во четири самоубиствени напади денес во Ирак загинаа 21, а ранети се 43 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во улицата ел-Вуфуд во Басра, експлозија на автомобил-бомба усмрти пет лица а четири се ранети. Басра е подрачје особено богато со нафта.
Припадниците на безбедносните сили ја затворија за сообраќај улицата на која се случи експлозијата а на местото на несреќата испратени се екипи на итната медицинска помош.
Во самоубиствен напад во угостителски објект кој се наоѓа на автопатот помеѓу местата Зи Кар и Басра, загинаа пет а ранети се 20 лица.
Во два самоубиствени напади во Багдад загинаа 11 а ранети се 19 лица.
Одговорноста за нападите ја презеде терористичката организација ДАЕШ.