Ömer Ürer
29 Април 2019•Ажурирај: 30 Април 2019
ДУЗЏЕ (AA) – Висорамнините во Дузџе, со природата која се менува за време на летните месеци, цвеќињата и со убавината на двете годишни времиња која може да се доживее истовремено, нудат волшебен поглед, пишува Anadolu Agency (AA).
Во висорамнините Гуделдере, Пуренли, Хира, Деребалик, Кардуз, Одајери и Баликли, кои се наоѓаат на надморска висина од 1.200 до 1.800 метри, двете годишни времиња можат да се доживеат истовремено.

Во регионот од една страна растат цвеќиња, а од друга страна по 7 месеци почнува да се топи белата покривка од снегот. Прекрасните природни пејсажи би можеле да красат разгледници.
Висорамнините кои во текот на зимата остануваат „осамени“ со својата бела покривка како во уметничките дела, со затоплувањето на времето ги очекуваат посетителите.