Murat Paksoy
29 Април 2019•Ажурирај: 30 Април 2019
ИСТАНБУЛ
Самоубиство изврши осомничениот кој пред 10 дена со тврдење дека работел за Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) беше приведен под обвинение за „воена, политичка и меѓународна шпионажа“, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, во рамките на истрагата што ја спроведува Истанбулското јавно обвинителство, самоубиство извршил еден од двајцата осомничени кои беа приведени на 19 април под обвинение дека вршеле шпионажа за ОАЕ.
Осомничениот кој изврши самоубиство во затворот во Силиври беше приведен под обвиненија за „политичка и воена шпионажа“ и за „меѓународна шпионажа“.