Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
15 Мај 2020•Ажурирано: 15 Мај 2020
ВАН
Турските безбедносни единици денеска уапсија најмалку 38 осомничени лица поради поврзаност со терористичкиот напад кој вчера беше извршен во источната област Ван, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од канцеларијата на гувернерот на областа Ван е издадено соопштение во кое се вели дека меѓу осомничените се наоѓаат некои официјални претставници од опозициската Народна демократска партија (HDP).
Градоначалникот на подрачјето Озалп од ХДП и пет други локални официјални лица се уапсени поради сомнеж за поврзаност со смртоносниот напад.
Двајца социјални работници кои доставувале хуманитарна помош во услови на пандемијата на Ковид-19, се убиени во терористички напад извршен вчера.
Жртвите биле во округот Озалп кога вооружени лица отвориле оган со пушки, притоа ранувајќи и минувач.
Во соопштението на гувернерот се вели дека возилото кое ги превезувало напаѓачите брзо се оддалечило од местото на настанот.
„Во регионот беше спроведена широка безбедносна операција за фаќање на напаѓачите непосредно по инцидентот“, се вели во соопштението.
Во соопштението се истакнува дека голем број рации биле спроведени на адреси во окружниот центар и околните области од страна на безбедносните тимови и биле уапсени 38 осомничени лица за нивна наводна поврзаност со инцидентот.
Министерството за национална одбрана ја критикуваше терористичката организација ЈПГ/ПКК за предавничкиот напад.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.