Sena Güler
01 Ноември 2019•Ажурирај: 02 Ноември 2019
ЏАНКИРИ (АА) - Во централна Турција денеска се уапсени 11 осомничени лица за поврзаност со ДЕАШ, меѓу кои и лице обвинето дека било помошник на водачот на терористичката организација, Ебу Бекр ал Багдади, кој беше убиен во американската воена операција минатиот викенд, откри безбедносен извор кој сакаше да остане анонимен, јавува Anadolu Agency (AA).
Како дел од напорите за борба против ДЕАШ, турските безбедносни тимови спроведоа истовремени операции на различни адреси во областа Џанкири, додаде изворот.
Под водство на Багдади, ДЕАШ од 2013 година ја презеде контролата врз големи области на Ирак и Сирија, а потоа тврдеше дека во регионот формирала „калифат“. Истовремено планираше и морничави напади кои терористите на ДЕАШ ги изведуваа далеку од главното упориште.
Турција тешко страдаше од нападите на ДЕАШ во внатрешноста на земјата. Над 300 луѓе беа убиени во Турција во нападите за кои одговорност презеде ДЕАШ. Турските сили за безбедност учествуваа во долгогодишна кампања за спречување на заканите од ДЕАШ.