свет

„Средбата меѓу американскиот и турскиот претседател - можност за директна дипломатија“

Портпаролот Џен Псаки додаде дека прашањата за регионалната безбедност, како и оние што влијаат на глобалната заедница, вклучително и економијата и пандемијата на Ковид-19, ќе бидат меѓу оние за кои ќе разговараат Бајден и Ердоган.

Dilan Pamuk  | 10.06.2021 - Обновена : 11.06.2021
„Средбата меѓу американскиот и турскиот претседател - можност за директна дипломатија“

АНКАРА 

Средбата со турскиот претседател е приоритет за американскиот претседател Џо Бајден при неговата прва посета во странство, соопшти Белата куќа вчера, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот Џен Псаки рече дека „тоа е можност да се има таа директна дипломатија“ меѓу Бајден и Ердоган.

„Ова е врска, очигледно [со] партнер во НАТО, во која има области за кои сметаме дека е важно да продолжиме конструктивно да работиме заедно, каде што има можност, и исто така области за кои постојат несогласувања“, рече таа.

Псаки додаде дека прашањата за регионалната безбедност, како и оние што влијаат на глобалната заедница, вклучително и економијата и пандемијата на Ковид-19, ќе бидат меѓу оние за кои ќе разговараат Бајден и Ердоган.

Бајден ќе се состане со британскиот премиер Борис Џонсон на 10 јуни и со кралицата Елизабета Втора на 13 јуни пред да се упати кон главниот град на Белгија.

На 14 јуни тој ќе присуствува на Самитот на НАТО во Брисел, каде што ќе се сретне со Ердоган.

Бајден ќе присуствува на Самитот САД - ЕУ на 15 јуни во Брисел и следниот ден ќе се состане со неговиот руски колега Владимир Путин во Женева, Швајцарија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.