Ömer Faruk Yıldız
10 Јуни 2021•Ажурирај: 11 Јуни 2021
КУАЛА ЛУМПУР
Според првичните сознанија, 13 лица загинаа, додека 16 лица се повредени во уривањето на воен авион во Мјанмар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на противпожарната служба на Мандалај, воениот авион во кој се наоѓале 16 припадници на војската, паднал во фабрика за челик во Мандалај.
Според првичните сознанија, во несреќата загинале 13 лица, додека 16 лица се повредени.
Се води истрага за откривање на причината за оваа несреќа.