Haydar Karaalp
10 Јуни 2021•Ажурирај: 11 Јуни 2021
БАГДАД
Меѓународниот аеродром во ирачкиот главен град Багдад е таргетиран од три дрона, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку писмено соопштение ја потврди Безбедносната медиумска мрежа при ирачката Влада.
Во соопштението се нагласува дека аеродромот бил изложен на напад од три дрона.
Според соопштението, ќе бидат казнети оние кои се обидуваат да ја нарушат стабилноста на ирачкото општество, но не се дадени информации за можни штети како резултат на нападот.
Инаку, на Меѓународниот аеродром во Багдад се наоѓа и база во која се наоѓаат американски војници.