свет

Тројца Палестинци загинаа за време на рацијата на израелските сили на Западниот Брег

- Израелските сили извршија рација во градот Џенин кој се наоѓа во северниот дел на окупираниот Западен Брег, при што загинаа тројца Палестинци кои се спротивставија, додека едно лице е повредено,

Qais Omar Darwesh Omar, Hacer Başer  | 10.06.2021 - Обновена : 11.06.2021
Тројца Палестинци загинаа за време на рацијата на израелските сили на Западниот Брег Фото: Недал Ештајах / АА

РАМАЛА 

Израелските сили извршија рација во градот Џенин кој се наоѓа во северниот дел на окупираниот Западен Брег, при што загинаа тројца Палестинци кои се спротивставија, додека едно лице е повредено, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на палестинската официјална новинска агенција ВАФА (WAFA), израелските сили кои извршиле рација во градот Џенин, се соочиле со отпорот на палестинските безбедносни сили.

Во настанатите немири животот го загубиле три лица, од кои двајца припадници на безбедносните единици при палестинската администрација.

Двајца од загинатите - Етем Алејви (23) и Тејсир Исанин (33) биле вработени во Воената разузнавачка служба, додека третиот загинат е Џемил Махмуд ел Амури, Палестинец кој претходно бил задржан во израелските затвори.

Се истакнува дека повредениот Палестинец е исто така припадник на безбедносните единици и дека се здобил со тешки повреди, и е пренесен во болница.

Директорот на Воената разузнавачка служба во Џенин, Талиб Салахат, нагласи дека Алејви и Исанин биле егзекутирани за време на ноќната стража.

Израелската страна сѐ уште не дала изјава за случајот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın