Enes Kaplan
01 Ноември 2019•Ажурирај: 01 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за одбрана соопшти дека во координација со Русија извршено е предавањето на 18 припадници на режимот, кои претходно беа заробени југоисточно од сириски Рас ал Ајн, јавува Anadolu Agency (AA).
Турското Министерство за одбрана објави соопштение во кое се вели:
„Во координација со претставниците на Руската Федерација извршено е предавање на 18 припадници на режимот, кои на 29 октомври беа заробени во текот на активностите за извидување и безбедност на подрачјето југоисточно од Рас ал Ајн.“
Турските сили на 9 октомври ја започнаа воената операција „Извор на мирот“ во североисточна Сирија, со цел елиминирање на терористичките елементи на ЈПГ/ПКК заради обезбедување на турската граница и овозможување доброволно враќање на сириските бегалци. Операцијата го штити и територијалниот интегритет на Сирија.