Satuk Buğra Kutlugün
07 Август 2017•Ажурирај: 08 Август 2017
АНКАРА (АА) - Турција стана партнер за секторски дијалог во Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (ASEAN), објави министерот за надворешни работи на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција официјално стана партнер за секториски дијалог на АСЕАН“, изјави Мевлут Чавушоглу за АА во главниот град на Филипини, Манила, каде што присуствуваше на 50. состанок на министрите за надворешни работи.
Чавушоглу потсети дека Турција аплицираше во 2015 година и оттогаш интензивно работи.
„Ова, се разбира, е иницијатива која ѝ одговара на турската повеќеаспектна, проактивна надворешна политик“, рече министерот.
АСЕАН - регионален блок од 10 земји: Брунеи, Камбоџа, Индонезија, Лаос, Малезија, Мјанмар, Филипини, Сингапур, Тајланд и Виетнам - е основан на 8 август 1967 година во Бангкок, Тајланд.
Чавушоглу истакна дека односите со членките на АСЕАН и понатаму ќе се развиваат, а турските бизнисмени ќе имаат бенефит од значајни можности во иднина.
„Во наредниот период, билатералниот обем на трговијата со земјите од АСЕАН ќе се зголемува побрзо. Исто така, ќе се појават големи можности за нашите бизнисмени“, додаде Чавушоглу.
Турција врските со АСЕАН ги воспостави во 1999 година, а на својот прв самит присуствуваше во 2013 година.
Подоцна, преку соопштение турското Министерство за надворешни работи ја поздрави одлуката, истакнувајќи дека овој потег ќе претставува пресвртна точка „во однос на нашите односи со организацијата“.
„Турција го смета АСЕАН како ефикасен интегрирачки механизам за својот регион“, се вели во соопштението, во кое се пофалува улогата на организацијата во одржувањето на политичката стабилност, економскиот просперитет и социјалната стабилност во регионот Југоисточна Азија.
Министерството вели дека понатамошниот развој на соработката меѓу Турција и организацијата ќе ги приближи двете страни на Азија.
„Како нов партнер за секторски дијалог во АСЕАН, ќе продолжат напорите на Турција за подобрување на билатералните односи со земјите од АСЕАН и напорите за зајакнување на своите корпоративни врски со организацијата“, се додава во соопштението.