Arif Yakıcı
07 Август 2017•Ажурирај: 08 Август 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Припадници на турската полиција денес во Истанбул од слобода лишија петмина странски државјани осомничени за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопшти полицијата, уапсените странски државјани во најнаселениот град во Турција пристигнале со цел да извршат терористички напади во име на ДЕАШ.
Осомничените се лишени од слобода во две координирани акции на две адреси во населбата Башакшехир. Запленети се три пиштоли, еден придушувач и промотивен материјал на ДЕАШ.