Fırat Taşdemir
03 Август 2020•Ажурирај: 05 Август 2020
АНКАРА
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека уште еден терорист на ПКК, со методата на убедување се предал на турските вооружени сили, во Мардин, со што од почетокот на годината со методата на убедување се предале вкупно 123 терористи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата на турското МВР се нагласува дека како резултат на напорите за убедување спроведени од командата на жандармеријата на Муш, еден терорист на ПКК се предал на турските вооружени сили.
Терористот кој се предаде на турските вооружени сили во Мардин на терористичка сепаратистичка организација ѝ се приклучил во 2014 година.
Според тоа, од 1 јануари досега бројот на терористи кои се предадоа со методот на убедување се искачи на 123.