Nazlı Yüzbaşıoğlu
03 Август 2020•Ажурирај: 04 Август 2020
АНКАРА
Министерството за надворешни работи на Турција истакнувајќи дека договорот за нафта помеѓу американска компанија и Сириските демократски сили (СДГ), кои се под раководство на терористичката организација ЈПГ/ПКК е чекор што не го почитува меѓународното право, влијае на територијалниот интегритет, единството, суверенитет на Сирија и претставува финансирање на тероризмот нагласи: „Овој чекор на американска поддршка е неприфатлив“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава од турското министерство се наведува дека според информациите објавени во локалните медиуми, терористичката организација ЈПГ/ПКК која во Сирија го користи името СДГ, потпишала договор со компанијата „Delta Crescent Energy LLC“ со седиште во САД, за вадење, преработка и трговија со нафта во североисточниот дел на Сирија.
Во соопштението, се потенцира дека терористичката организација ЈПГ/ПКК со овој чекор јасно ја открива својата цел да ги заплени природните ресурси на сирискиот народ.
„Природните ресурси на Сирија му припаѓаат на сирискиот народ. Жалиме што САД го подржува овој чекор кој не го почитува меѓународното право, влијае на територијалниот интегритет, единството, суверенитет на Сирија и претставува финансирање на тероризмот. Ова поддршка, која не може да биде оправдана со било кој мотив, никогаш нема да биде прифатлива“, се нагласува во соопштението на турското МНР.