Ergün Haktanıyan
03 Август 2020•Ажурирај: 07 Август 2020
КАЈСЕРИ
Во областа Јахјали во градот Кајсери, од безбедносните камери е снимен моментот кога еден персонал на жандармеријата во воздух го фати детето кое падна од рамото на неговиот татко на влезот на водопадите Капузбаши, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Таткото кој дошол да ги посети водопадите Капузбаши во националниот парк Аладаглар, на рамо го носел своето дете, чекајќи на влезот пред водопадите.
При проверка на идентитетот, детенцето ја изгубило рамнотежата и паднало од рамото на неговиот татко. Персоналот на жандармеријата кој се наоѓал на контролниот пункт, благодарение на брзите рефлекси успеал да го фати детето во воздух пред да падне на земја.
Безбедносната камера го сними моментот кога член на жандармеријата го фати детето во воздух.