Турција

Турција со длабока загриженост за суспендирањето на работата на тунискиот Парламент

„Се надеваме дека демократскиот легитимитет ќе биде воспоставен што е можно поскоро во рамките на одредбите на тунискиот Устав...“

Nazlı Yüzbaşıoğlu  | 26.07.2021 - Обновена : 28.07.2021
Турција со длабока загриженост за суспендирањето на работата на тунискиот Парламент

АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека Турција е длабоко загрижена поради суспендирањето на работата на тунискиот Парламент, кој ја претставува волјата на народот на Тунис, и дека се надева оти демократскиот легитимитет во земјата ќе биде обновен во рамките на одредбите од Уставот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на турското Министерство се нагласува: „Длабоко сме загрижени поради суспендирањето на Парламентот на Тунис, кој ја претставува волјата на народот, на 25 јули 2021 година, кога во Тунис се одбележува Денот на Републиката.“

Нагласувајќи дека Тунис има примерна успешна приказна во однос на демократскиот процес спроведен во согласност со очекувањата на луѓето во регионот, се додава дека зачувувањето на оваа исклучителна позиција и демократските достигнувања на земјата е од големо значење за регионот, како и за Тунис.

„Во врска со ова, се надеваме дека демократскиот легитимитет ќе биде воспоставен што е можно поскоро во рамките на одредбите на тунискиот Устав. Не се сомневаме дека тунискиот народ, кој успешно помина многу фази на патот кон демократијата, ќе го надмине и овој тест. Турција, која има силни историски врски со Тунис, ќе продолжи да стои покрај својот Тунис и братскиот народ на Тунис,“ се додава во соопштението.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.