Selma Kasap
26 Јули 2021•Ажурирај: 27 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили денес неутрализираа тројца терористи во регионите на операциите „Извор на мирот“ во северна Сирија и „Канџа-молња“ и регионот Зап во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција се нагласува: „Нашата борба против тероризмот и терористите продолжува непрекинато и решително. Вкупно се неутрализирани 3 терористи. Двајца терористи на ПКК во регионите ‘Канџа-молња‘ и Зап во северен Ирак и еден терорист на ПКК/ЈПГ во регионот на ‘Извор на мирот‘“.
Турските сили во текот на изминатите четири години изведоа неколку успешни антитерористички операции во северна Сирија, по должината на сириско-турската граница: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019). Целта на овие операции беше ослободување на пограничниот појас од терористичките организации, спречување на формирањето терористички коридор и воспоставување безбедна зона за цивилите.
Припадниците на терористичката организација ПКК се кријат и во северниот дел на Ирак, од каде што планираат напади на Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.