Турција

Претседателот на турскиот Парламент: „Тунискиот народ ќе застане во одбрана на уставниот поредок и законот“

„Она што се случи во Тунис е загрижувачко; одлуките што го спречуваат избраниот парламент и пратениците да служат се пуч против уставниот поредок.“

İsmail Çimen  | 26.07.2021 - Обновена : 27.07.2021
Претседателот на турскиот Парламент: „Тунискиот народ ќе застане во одбрана на уставниот поредок и законот“

АНКАРА (АА) - Претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп, ги опиша како пуч против уставниот поредок одлуките што го спречуваат избраниот парламент и пратениците да работат во Тунис, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Народот на Тунис ќе застане зад уставниот поредок и законот“, истакна Шентоп.

Тој во објавата на својот социјален профил на Твитер за одлуката на претседателот на Тунис, Кајс Саид, да ја замрзне работата на Собранието и да го разреши премиерот, рече: „Она што се случи во Тунис е загрижувачко; одлуките што го спречуваат избраниот парламент и пратениците да служат се пуч против уставниот поредок. Воениот/бирократскиот удар е нелегален насекаде, исто така е нелегален и во Тунис. Тунискиот народ ќе застане во одбрана на уставниот поредок и законот.“

Синоќа, тунискиот претседател Кајс Саид, тврдејќи дека на земјата ѝ е потребна вонредна состојба поради лошата состојба во врска со корупцијата, ја суспендира работата на Парламентот и го разреши премиерот од функцијата.

Наспроти тоа, претседателот на тунискиот Парламент и претседател на Движењето „Нахда“, најголемата политичка партија во земјата, Рашид ал-Гануши, ја отфрли таа одлука и ги повика граѓаните на Тунис на мирна борба против ваквите одлуки.

Гануши го обвини претседателот Саид за државен удар и порача дека и Владата и Парламентот и понатаму се на должност.

Припадниците на Војската на Тунис во текот на ноќта не дозволија влез во Парламентот на пратениците и на претседателот на ова тело, Гануши.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.