Yusuf Soykan Bal
27 Јули 2021•Ажурирај: 28 Јули 2021
ИЗМИР (АА) - Во периодот помеѓу 17 и 22 јули, единиците на Турската крајбрежна стража во областа на Измир спасија 388 мигранти кои нелегално се истуркани и вратени во територијалните води на Турција од грчките сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно 217 мигранти се спасени покрај брегот на Сеферихисар, а двајца осомничени лица за трговија со луѓе се уапсени во периодот од 18 до 21 јули, додека 78 мигранти се пронајдени недалеку од брегот на Дикили во периодот помеѓу 17 и 20 јули.
На 22 јули, во близина на брегот на Фоча, Измир, спасени се 26 мигранти и други 67 странски државјани заглавени во брод за едрење близу до Чешме.
Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои имаат за цел да стигнат до Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогонства.
Турција и групите за човекови права континуирано ја осудуваат грчката незаконска практика на истуркување на мигрантите, нагласувајќи дека тоа ги крши хуманитарните вредности и меѓународното право преку загрозување на животот на ранливите мигранти, меѓу кои има и жени и деца.