Mehmet Tosun
28 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
АНКАРА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Дирекцијата за комуникации при Уредот на турскиот претседател е соопштено дека двајцата лидери телефонски разговарале за чекорите за јакнење на турско-руските односи.
Исто така, двајцата лидери разговараа и за напнатоста меѓу Азербејџан и Ерменија, за случувањата во Сирија и Либија но и други теми.
Претседателот Ердоган и Путин се сложија за продолжување на соработка и дијалог кога се во прашање билатералните односи и регионални прашања.