Rabia İclal Turan
28 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
КИЕВ
Кримската криза мора да биде силно изразена во меѓународната сцена, изјави висок украински дипломат денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Повикувајќи на „поостар“ политички притисок и економски санкции против Москва, заменик-министерот за надворешни работи Емине Џапарова во ексклузивното интервју за АА рече дека тековната кримска криза е „обид за анексија“ кој не е признаен од меѓународната заедница.
Џапарова која претседателот Володимир Зеленски минатиот месец ја назначи на новата функција, рече дека Киев и е благодарен на Турција за поддршката за Крим.
„Русија нелегално и моментално го окупираше Крим“, изјави таа, цитирајќи ја резолуцијата на ОН за територијалниот интегритет на Украина на 27 март, 2014.
„Украина мора да го врати својот суверенитет над полуостровот“, тврди таа.
- Крим
Тврдејќи дека економските санкции против Русија и поддршката на ОН не беа доволни за да се спаси Крим, Џапарова рече дека Украина се надева дека ќе го донесе ова прашање пред меѓународните судови.
„Таму ќе биде можно да се ‘доведе Русија пред лицето на правдата’ за своите злосторства и прекршувања“, рече таа.
„Русија се обидува да го убеди светот како ги штити кримските татари на секоја платформа во светот. Тврди дека кримскиот татарски јазик станал официјален јазик и го донесе законот за рехабилитација на народот. Но, всушност, угнетувањето и политичката постапка јасно го покажува спротивното“, истакна Џапарова.
Кримските Татари последниве неколку стотици години се борат со Русија за правото да постои и да живеат во својата татковина, рече Џапарова, бидејќи тие морале да ја напуштат татковината во 1783, 1944 и 2014 година.
- Донбас
Зборувајќи за конфликтот во регионот Донбас во источна Украина таа изјави: „Секој ден во Донбас, постојат извештаи за прекршувањата на прекинот на огнот на Русија и употреба на оружје забрането според протоколот во Минск“.
„Украина е подготвена за состанок со лидерите во нормадиски формат“, додаде таа.
- Односи Турција-Украина
Џапарова изјави дека односите Украина и Турција станале „стратешко партнерство“ и додаде: „Нашите земји имаат заеднички интереси. Тие споделуваат ист поглед кон воспоставување на мир и стабилност во регионот на Црно море и немаат никакви конфликти во политичката област.
Изразувајќи надеж за тековните разговори за договор за слободна трговија меѓу двете земји, таа рече дека има бројни можности за турските бизнисмени да инвестираат во Украина.
Таа исто така рече дека се надева на разговори за договори за слободна трговија меѓу двете земји.