Турција

Турција: „Птичјиот рај Кавунџу“ ја губи својата поранешна живост поради сушата

Некогаш дом на стотици видови птици преселници, овој природен резерват во голема мера е пресушен поради падот на нивото на водата, поради што останати се само неколку видови помали видови птици

Elena Trenchevska Chekovic  | 09.11.2025 - Обновена : 09.11.2025
Турција: „Птичјиот рај Кавунџу“ ја губи својата поранешна живост поради сушата Фото: Ekrem Şahin/AA

СКОПЈЕ (АА) - Езерото познато како „Птичјиот рај Кавунџу“ во населеното место Гуњузу во Ескишехир, Турција, ја губи својата поранешна живост поради континуираните сушни услови, јавува Анадолу.

Некогаш дом на стотици видови птици преселници, овој природен резерват во голема мера е пресушен поради падот на нивото на водата, поради што останати се само неколку помали видови птици.

Намалувањето на водните ресурси негативно влијае на екосистемот на регионот, а некои видови птици ги менуваат своите миграциски патишта и повеќе не го претпочитаат езерото.

„Птичјиот рај Кавунџу“ постепено станува сѐ помалку живописен, и не е живеалиште полно со птици какво што беше некогаш.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.