Ömer Olcay
09 Март 2021•Ажурирај: 10 Март 2021
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за одбрана соопшти дека во јужната област Хатај при илегално преминување на границата со Сирија откриени и приведени се 11 лица, меѓу кои и припадник на терористичката организација ДЕАШ за кого има распишана црвена потерница, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„На подрачјето на граничната линија Хатај/Алтинозу уапсени се 11 лица кои се откриени при илегално преминувале во нашата земја од територијата на Сирија. Истрагата утврди дека еден од уапсените е припадник на терористичката организација ДЕАШ и дека за него има распишана црвена потерница“, соопшти турското Министерство за одбрана.
Областа Хатај се наоѓа на крајниот југ на Турција, на границата со Сирија.