Abidin Mutlu Bozdağ
09 Март 2021•Ажурирај: 10 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Аеродромот „Истанбул“ во периодот 1 - 7 март е аеродром со најголем број летови во Европа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што на социјалните мрежи го објави İGA (Големиот аеродром во Истанбул), според податоците на Европската организација за безбедност на воздушната пловидба (EUROCONTROL), аеродромот „Истанбул“ во периодот од 1 до 7 март бил аеродром со најголем број остварени летови, надминувајќи ги аеродромот „Франкфурт“, аеродромот „Схипхол“ во Амстердам и аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз.
Минатата недела аеродромот Истанбул во просек остварил 551 лет дневно.