Ali Murat Alhas
09 Март 2021•Ажурирај: 10 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили денес приведоа 14 осомничени лица во Истанбул за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Антитерористичките тимови спроведоа истовремени операции на над десетина локации, како дел од истрагата за терористичката организација.
Турција беше една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација во 2013 година.
Оттогаш во земјата беа извршени повеќе напади од терористите на ДЕАШ, односно најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 вооружени напади, во кои загинаа 315 лица, а беа повредени стотици други.
Како одговор на нападите, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи нови напади.