Ayşe Böcüoğlu Bodur
09 Март 2021•Ажурирај: 10 Март 2021
АНКАРА (АА) - Претседателот на Одделот за одбранбена индустрија на Претседателството на Турција, Исмаил Демир, соопшти дека Системот за противвоздушна одбрана од среден домет „HISAR-O+“ успешно е тестиран со директен погодок на максимална височина и оддалеченост на целта, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„По примопредавањето на системот „HISAR-O+“ направени се низа тестови, а на последното лансирање на проектилот од овој систем, директно е погодена целта во движење во воздухот на досега најголема оддалеченост и максимална височина што се однесува на тестирањата во нашата земја. Им се заблагодарувам на учесниците во овој проект на чело со партнерските компании АСЕЛСАН (ASELSAN) и РОКЕТСАН (ROKETSAN)“, наведе Демир во објава преку социјалната мрежа Твитер.
Споменатиот систем, што Турција го разви во домашен капацитет, ќе биде користен во доменот за потребите на противвоздушната одбрана на Турција. Системот што го развија турските компании АСЕЛСАН и РОКЕТСАН, ќе биде во употреба со цел заштита на важните објекти и стационирани воени единици.
Системот има за цел уништување на заканите, како леталата со фиксни и ротирачки крила, крстосувачките ракети, беспилотните летала и ракетите воздух-земја, во сите временски услови.
Системот „HISAR-O+“ има можност за детектирање и класификација на целта, како и можност да ги дијагностицира заканите и да ги следи и контролира лансирањата на ракетите. Овозможена е и надоградба во согласност со развојот на новите технологии во иднина.