Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
09 Март 2021•Ажурирај: 10 Март 2021
АНКАРА (АА) - Турција изрази загриженост во врска со зголемениот број напади на саудиско тло, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турското Министерството за надворешни работи издаде соопштение во ја изразува загриженоста поради неодамнешните напади врз територијата на Саудиска Арабија.
Потсетувајќи на нападите со балистички ракети и беспилотни летала што беа извршени на 7 март врз објектите на „Сауди Арамко“ и нафтените терминали кај пристаништето „Рас Танура“, едно од најголемите пристаништа за испорака на нафта во светот, и градот Дахаран, Министерството повика на итен прекин на овие напади.
Во текот на изминатата недела, бунтовничката група на Хусите во Јемен ги интензивираше нападите врз кралството богато со нафта.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија во неделата соопшти дека соборила 12 беспилотни летала и два балистички проектила истрелани од страна на групата кон териториите на Саудиска Арабија.
Бунтовничкото движење редовно најавува напади со ракети и беспилотни летала врз територијата на Саудиска Арабија, велејќи дека тие се реакција на нападите во Јемен од страна на коалицијата предводена од Саудиска Арабија.
Јемен е место на длабока политичка и безбедносна криза, што кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна, кога бунтовниците предводени од шиитското движење на Хусите и од Конгресот предводен од претседателот Салех го зазедоа најголемиот јеменски град Сана, а потоа и другите региони.