Yunus İçen
29 Јули 2017•Ажурирај: 30 Јули 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Во градот Кемер, во областа Анталија, избувна пожар од чиј чад се повредени 14 лица. Повредените кои биле зафатени од чадот се префрлени во болница, јавува Anadolu Agency (AA).
Во хотелот сместен во подрачјето на Ѓојнук туризам, избувна пожар во подрумските простории. На местото на пожарот пристигнале голем број противпожарни екипи и возила на брза помош.
Противпожарните екипи ги евакуираа туристите кои беа во своите соби.
Пожарот за краток период бил згаснат, а чадот кој настана при гасењето, делуваше врз 14 туристи кои се префрлени во болница. Станува збор за 4 руски и 10 турски државјани. Се донава дека лицата кои го почуствувале влијанието на чадот се надвор од животна опасност.
Омер Караман, кој со семејството од Истанбул пристигнал на одмор во Кемер, престојува во истиот хотел.
„Приметивме чад во ходнците, јас и моето семејство веднаш истрчавме надвор”, рече Караман.
Се препоставува дека причина за пожарот е проблем во електричната инсталација.