Mehtap Yılmaz
29 Јули 2017•Ажурирај: 30 Јули 2017
АНКАРА (АА) - На аеродромската царинската управа за карго транспорт на аеродромот Ататурк во Истанбул во Турција, со цел за транзитен транспорт кон Германија, пристигнале пакети од Хонг Конг. Во пакетите со декларација „гранулати на полипропилен” се пронајдени околу 20.000 телефони. Меѓу пронајдените телефони, се наоѓа и моделот „iPhone 8”, чие призводство и презентација сѐ уште не е направена, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за царини и трговија на Турција даде соопштение во кое се наведува дека на аеродромот Ататурк во Истанбул, со цел за транзит кон Германија, пристигнал карго товар од Хонг Конг, со декларација „гранулати на полипропилен”, во кои се пронајдени околу 20.000 телефони.
Царинсаката управа за карго на истанбулскиот аеродром, за време на редовната контрола, одлучила да го провери карго товар деклариран како „гранулати на полипропилен” кој требал да транзитира кон Германија. Пакетите биле однесени на контрола со X-Ray (рендгенски зраци). По рендгенската контрола увидено е дека во пакетите се наоѓаат мобилни телефони и телефонска галантерија. Откако е откриена вистинската содржина на пакетите, започнат е инспекциски процес.
- „Пазарната вредност изнесува околу 1,5 илиони евра”
Управата за разузнавање при истанбулската царина за заштита и криумчарење, спроведе истрага. Истрагата откри дека пакетите декларирани како суровина за пластика и наменети за транзит, со фалсификувани документи требало да бидат извлечени од постоечкиот царински склад и да бидат префрлени во друг царински склад во истанбулски Башакшехир.
Во пакетите се пронајдени 19.572 различни модели на мобилни телефони, 180 пара слушалки, 3.572 батерии, 1.000 маски за телефон, со вкупна пазарна вредност од околу 1,5 милиони евра. Во пакетите се пронајдени и телефони од моделот „iPhone 8”, чие призводство и презентација Apple го закажа за септември.
Канцелариите на Јавното обвинителство во Бакирќој донесе одлука за конфискација на криумчарената стока и отвори истрага за случајот.