Yunus Okur
29 Јули 2017•Ажурирај: 30 Јули 2017
ЕРЗУРУМ (АА) - Градот Узундере, познат и како „сакин кент“ (мирен град), се наоѓа во подрачјето на Ерзурум, а ги привлекува туристите со својата историја и со природните убавини, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓународната унија на мирни градови минатата година го именува Узундере како „11. тивок град на Турција“, кој освен со своите природни убавини како што се водопадите Тортум, езерото Тортум, Једиѓолер, вниманието на туристите го привлекува и со историските цркви, мостови, зелени шуми и висорамнини.
Во својата историја долга три илјади години, градот Узундере бил домаќин на повеќе цивилизации. Градот се труди да го зачува својот традиционален начин на живот. По приемот во мрежата на „мирни градови”, Узундере оваа година предизвика голем интерес кај домашните и кај странските туристи.
Екипата на АА направи видео-снимки од воздух на природните убавини што го красат Узундере и предизвикуваат интерес кај гостите.
- „Експанзија на странски туристи“
Градоначалникот Халис Озсој за АА изјави дека изборот на Узундере во мрежата на мирни градови е мошне значаен.
„Неверојатното гостопримство на нашиот народ и нашата недопрена природа придонесоа да бидеме избрани во мрежата на мирни градови. Во физиката постои термин 'ефект на мултиплицирање'. По влезот во оваа мрежа, во согласност со споменатиот ефект, имаме експанија на домашни и странски туристи“, изјави градоначалникот Озсој.
Тој истакна дека во светот има голем број туристи што ги посетуваат мирните градови. „Таа група туристи редовно доаѓа во посета на Узундере. Кај нив голем интерес предизвикуваат нашата природа и нашите природни ресурси“, рече Озсој.
Градоначалникот Озсој истакна дека освен со своите природни убавини, подрачјето на Узундере го привлекува вниманието на туристите и со традиционалниот начин на живот.