Ekipa
18 Ноември 2021•Ажурирај: 19 Ноември 2021
ЛИМА (AA) - Огромен, разнобоен мурал на ридот Сан Кристобал го разведрува зимското сивило на главниот град на Перу, Лима, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обоените фасади на куќите во населбата Летиција дел Римац се дел од проектот за подобрување на животот на членовите на заедницата и промовирање на туризмот во Лима.

Урбаниот мурал, кој има за цел да ги обедини идентитетот, искуствата, променливоста и знаењето на сите генерации кои ги градат своите животни приказни заедно повеќе од 80 години во заедницата лоцирана во падините на Серо Сан Кристобал, претставува гигантско платно од 320.000 квадратни метри и е најголемиот урбан мурал во Латинска Америка.
Проектот во населбата Летиција во Лима започна пред пет месеци, а е раководен од муралистите Карла Маган и Даниел Манрике.
Инаку, идејата за проектот датира уште од пред три години кога жителите на Сан Кристобал започнале да ги бојат стрмните и тесни скалила меѓу куќите во боите на виножитото.