Muhammed Enes Can
24 Август 2020•Ажурирај: 25 Август 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Во истрагата спроведена од Истанбулското главно јавно обвинителство, во однос на инфилтрирањето на ФЕТО во воените училишта со метода на кодирање, притворени се 35 осомничени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во рамките на истрагата спроведена од Бирото за тероризам и организиран криминал на Главното јавно обвинителство во Истанбул против вооружената терористичка организација ФЕТО, во согласност со добиените докази утврдено е дека во 2013 година припадниците на ФЕТО ги наместиле приемните испити за прием на свои кандидати во Турската поморска академија и за Високата поморска школа за подофицири.
Во истрагата утврдено е дека членовите на Комисијата, по методот на кодирање, им овозможиле на припадниците на ФЕТО да бидат примени во воените училишта.
Главното Јавно обвинителство во Истанбул за приведување на 62 осомничени, кои како „кодирани“ кандидати добиле високи оценки од Комисијата, и на тој начин биле запишани во воените училишта. Од вкупно 62 осомничени, приведени се 54 лица, за останатите 8 продолжува истрагата за пронаоѓање.
Во операциите на истанбулската полиција, на 35 од 54-те осомничени им е одредена мерка притвор под обвинение за членување во терористичка организација. Другите 19 осомничени се ослободени, но ќе бидат под судска контрола.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на свои припадници во турските институции, особено војската, полицијата и во судството.