Hüseyin Yıldız
24 Август 2020•Ажурирај: 25 Август 2020
ИГДИР (АА) – На планината Арарат, која е највисоката планина во Турција, заврна првиот сезонски снег, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дождот, кој деновиве паѓаше во регионот на Источна Анадолија, на врвот на планината Арарат, кој е највисоката точка во државата, се претвори во снежни врнежи.
Планината Арарат со својата височина од 5.137 метри се нарекува „покрив на Турција“. Делот од планината од врвот до 4.000 метри надморска височина е покриен со снег.
Паѓањето на првиот снег на Арарат се дефинира како предвесник на зимата.
Претседателот на Клубот за култура, природа и фотографија на Игдир, Мухамед Акуш, во изјавата за АА рече дека заедно со првиот снег започнуваат и подготовките за зимата.
„Снежните врнежи на планината Арарат ги сфаќаме како предвесник на зимата. Синоќа заврна снег, за нас ја испрати пораката ‘подгответе се, зимата доаѓа‘“, изјави Акуш.
Наведувајќи дека планината Арарат е една од најважните планини во светот поради нејзината локација, Акуш рече:
„Првиот снег паѓа тука, зимата првата порака ја праќа од тука. Ова место е и ‘покрив на Турција‘, место каде што се раѓа Сонцето и најисточниот дел на Турција. Затоа, местоположбата на планината Арарат е многу важна.“